Бирото за јавни набавки ве поканува на „Ден на отворени врати”, за договорни органи и економски оператори, на 9 и 12 април 2024 година

Бирото за јавни набавки организира „Денови на отворени врати“ со договорни органи и економски оператори, на кои ќе се разменат мислења, знаења и искуства од спроведувањето на Законот за јавните набавки, со цел идентификување на слабостите и планирање на соодветни активности за подобрена примена во иднина.

Успешно одржана работилница за придобивките од имплементацијата на индикаторите за црвени знаменца во јавните набавки

red_flags_icon

На 27-ми и 28-ми февруари 2024 година се одржа работилница за придобивките од имплементацијата на индикаторите за црвени знаменца во јавните набавки. Овој настан се организираше во хотел Мериот, Скопје, и беше организиран од Светска банка во соработка со Бирото за јавни набавки (БЈН). На работилницата присуствуваа различни стручњаци од областа на јавните набавки, меѓународни … Read more

Нови ажурирани електронски обрасци на ТЕД

Почитувани, Објавувањето на огласите за јавни набавки  во Службено Гласило на ЕУ (во согласност со член 41, став 3 од Законот за јавни набавки, Службен весник на РМ бр. 24/19 и Службен весник на РСМ бр. 87/21), почнувајќи од 29.01.2024 година се врши со користење на нови ажурирани електронски обрасци кои се достапни на истата … Read more

Извадок од дадените мислења во 2023 година

Бирото за јавни набавки – Сектор за нормативна дејност, едукација и меѓународни односи, во делот Одговори на прашања/Дадени мислења објави извадок од дадените мислења во 2023 година, во врска со одредбите и примената на Законот за јавните набавки

Мислења 2023

Видео туторијал за објава на огласи на ТЕД

ТЕД (Tenders Electronic Daily) е онлајн верзија на „Додатокот на Службениот весник“ на ЕУ, посветен на европските јавни набавки. Во Законот за јавните набавки во член 41 став 3 е предвидено огласот за јавна набавка и огласот за конкурс за избор на идејно решение да се објавува и во Службеното гласило на Европската унија, доколку … Read more

Наменска обука за јавни набавки за Министерство за внатрешни работи

Rabotilnica_obuka za MVR

На иницијатива на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи, беа организирани две дводневни работилници/наменски обуки за полициските службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единиците за корупција, финансиски криминал и финансиски истраги.

Објавена изјава за непостоење на причини за исклучување за странски економски оператори

Во делот Модели – Тендерска документација објавена е нова Изјава за непостоење на причини за исклучување за странски економски оператори (кои ја пополнуваат доколку во земјата каде се регистрирани не се издаваат документите) која договорните органи можат да ја земат во предвид при изготвувањето на тендерските документации кај постапките за јавна набавка.