Објавена Граѓанска брошура за јавни набавки

Бирото за јавни набавки изготви „Граѓанска брошура“ со цел на транспарентен, едноставен и разбирлив начин да ги претстави на граѓаните и пошироката јавност суштината и системот на јавните набавки, значајноста на јавните набавки во економијата, како и улогата на Бирото за јавни набавки.

Објавен е Прирачник за измена на договорите

Бирото во соработка со својот Твининг партнер од Хрватска, изработи Прирачник за измена на договори и зголемување на цени во договори за јавни набавки во согласност со националното законодавство на Република Северна Македонија и европските најдобри пактики кој може да го преземете од нашата веб страница во делот Публикации/Прирачници за јавни набавки.

СООПШТЕНИЕ

Ве известуваме дека поради технички причини се откажува закажаната обука во термин 03.05.2022 година, според наставна програма за обука за лица за јавни набавки за продолжување на важноста на потврдата за лице за јавни набавки (обука за ресертификација).

Стратегија за унапредување на системот на јавните набавки за периодот 2022-2026 година

Објавена е Стратегијата за унапредување на системот на јавните набавки во Република Северна Македонија за периодот 2022-2026 година и Акциски план за спроведување на мерките и активностите од стратегијата за 2022 година.

Read more

Стратегија за унапредување на системот на јавните набавки за периодот 2022-2026 година

Стратегија за унапредување на системот на јавните набавки во Република Северна Македонија за периодот 2022-2026 година

АКЦИСКИ ПЛАН ЗА 2022 ГОДИНА за спроведување на Стратегијата за унапредување на системот на јавните набавки во Република Северна Македонија за периодот 2022-2026 година

ОДЛУКА ЗА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖЕЊЕТО НА ОДЛУКАТА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ ЗА ИНФОРМАЦИСКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ

Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 22 февруари 2022 година, донесе Одлука за престанување на важењето на Одлуката за формирање на Национален совет за информациски и комуникациски технологии („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 200/19).

Read more

Обуки за економски оператори за новините на системот за јавни набавки во рамки на Твининг проектот „Зајакнување на функциите за буџетско планирање, извршување и внатрешна контрола“

Бирото за јавни набавки во рамки на Твининг проектот „Зајакнување на функциите за буџетско планирање, извршување и внатрешна контрола“(“Strengthening Budget Planning, Execution and Internal Control Functions”), организираше и одржа 2 еднодневни обуки за претставници од економските  оператори во периодот од 21.02.2022 – 22.02.2022 година.

Read more