ЈАВЕН ПОВИК

Ј А В Е Н  П О В И К

за учество на едукацијата за јавни набавки

 

Ги покануваме сите заинтересирани лица кои кај договорните органи работат на јавни набавки, да се пријават за учество на обука според наставна програма за обука на лица за јавни набавки или за учество на обука според наставната програма за продолжување на важноста на потврдата за лице за јавни набавки кои се спроведуваат согласно Програмата за едукација за јавни набавки. Пријавувањето се врши со пополнување на пријава во електронска форма ТУКА.

Заради реализација на Програмата за едукација за јавни набавки, Бирото донесува годишен план за едукација со кој се утврдува бројот, временскиот распоред, видовите на обуки според наставни програми кои се планира да се спроведат во текот на наредната година и се определуваат термините за полагање на редовните и поправните писмени испити.

Објавувањето на годишниот план се смета за повик врз основа на кој заинтересираните лица електронски на веб-страницата на Бирото, во делот Едукација – Пријавување за обуки, пополнуваат пријава за учество на обуката во избраниот термин.

Бројот на учесници по поединечна обука не може да биде поголем од 22, ниту помал од 12.

Пријавувањето за учество на обуката во избраниот термин се врши се додека не се пополни бројот на слободни места по што автоматски тој термин не е повеќе слободен за пријавување.

Лицата кои сакаат да посетуваат обука во термин кој е пополнет, можат да поднесат барање преку електронска пошта на obuki@bjn.gov.mk, и да бидат ставени на листа на чекање. Овие лица се вклучуваат во избраниот термин, доколку некој од веќе пријавените учесници се откаже.

За да може да учествува на обуката (за лица за јавни набавки), учесникот треба да достави доказ дека е уплатен надоместокот за учество. Висината на надоместокот за посета на оваа наставна програма изнесува 8.051 денари без ДДВ, за секое лице поединечно и се уплатува на сметка 090016148463115, приходна шифра 724149 со назнака „за едукација за јавните набавки“. Надоместокот се уплаќа пред почеток на обуката, а откако Бирото ќе Ви потврди дека имате резервирано место за терминот кој сте го избрале.

За да може да учествува на обука (за продолжување на важноста на потврдата за лице за јавни набавки), учесникот треба да достави доказ дека е уплатен надоместокот за учество. Висината на надоместокот за посета на оваа наставна програма изнесува 1.695 денари без ДДВ, за секое лице поединечно и се уплатува на сметка 090016148463115, приходна шифра 724149 со назнака „за едукација за јавните набавки“. Надоместокот се уплаќа пред почеток на обуката, а откако Бирото ќе Ви потврди дека имате резервирано место за терминот кој сте го избрале.

Напоменуваме дека учесниците на обуката надоместокот го уплаќаат за учество на обуката, а со истиот надоместок се покриваат и трошоците за материјалите на обуката и писмените испити. Учесниците нема да можат да ја добијат потврдата за лице за јавни набавки доколку не приложат доказ за уплата на надоместокот.

Заинтересираните лица, треба да имаа предвид дека ќе можат да се пријават само за оние термини кои во моментот се отворени за пријавување.

Со почит,

Биро за јавни набавки