Јавен оглас за вработување

Бирото за јавни набавки објави јавен оглас за вработување на 1 (едно) лице на определено време до 31.12.2022 година, за работно место Соработник за нормативно-правни прашања во врска со електронските постапки,  Одделение за анализа на системот за јавни набавки, Сектор за следење на системот за јавните набавки и управување со ЕСЈН.

Read more

Изготвени се нови модели на Технички спецификации

Почитувани посетители, Ве информираме дека на веб страницата на Бирото за јавни набавки објавен е модел на Технички спецификации за набавка на уреди за печатење, изработен од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, и модел на Технички спецификации за набавка на услуги за осигурување на имот, изготвен во соработка со Стопанската комора … Read more

Интерен оглас

Бирото за јавни набавки објави интерен оглас за унапредување на административен службеник на работното место Помошник раководител на сектор за контрола. Огласот може да се прегледа на следниот линк.

Ажурирани модели за тендерска документација за набавка од мала вредност и поедноставена отворена постапка

Во рамки на реализација на мерките и активностите од Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 година, а со цел да се зголеми институционалниот интегритет и транспарентноста во јавните набавки, Бирото за јавни набавки ги ажурираше моделите на тендерски документации.

Read more

Препораки за постапување на договорните органи при набавка на електрична енергија

Во врска со моменталната состојба на зголемување на цената на електрична енергија и дилемите на договорните органи на кој начин успешно да ги спроведат јавните набавки на електрична енергија во актуелниот момент, Бирото за јавни набавки во соработка со Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, го препорачува следново:

Read more

Изготвен е првиот модел на Технички спецификации

Почитувани посетители, Ве информираме дека на веб страницата на Бирото за јавни набавки објавен е модел на Технички спецификации за набавка на ИТ опрема, кој е изработен од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.

Read more

Обуки за договорни органи во рамки на Твининг проектот „Зајакнување на функциите за буџетско планирање, извршување и внатрешна контрола“

Obuka Tvining BJN

Бирото за јавни набавки во рамки на Твининг проектот „Зајакнување на функциите за буџетско планирање, извршување и внатрешна контрола“(“Strengthening Budget Planning, Execution and Internal Control Functions”), организираше и одржа 3 еднодневни обуки во период од 30.11.2021 – 02.12.2021 година.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА Е-ПАЗАР НА ЕСЈН

Ве известуваме дека платформата за набавки од мала вредност- Е-пазар која е развиена од страна на Бирото за јавни набавки, со финансиска поддршка од Европската комисија, за електронско тргување помеѓу договорните органи во Република Северна Македонија и домашните и странски економски оператори е веќе поставена во продукција.

Read more

Предлог – Стратегија за унапредување на системот на јавните набавки за периодот 2022-2026 година

Бирото за јавни набавки го објавува наративниот дел на Предлог – Стратегијата за унапредување на системот на јавните набавки за периодот 2022-2026 година за консултации со јавноста.

Објавена нова Изјава за сериозност на понуда

Почитувани посетители, во делот Модели –Тендерска документација објавена е нова Изјава за сериозност на понудата која договорните органи можат да ја земат во предвид при изготвувањето на тендерските документации кај постапките за јавна набавка од мала вредност и поедноставена отворена постапка.