Објавен годишниот извештај за 2020 година

Почитувани посетители, Ве информираме дека е објавен Годишниот извештај за активностите на Бирото за јавни набавки во остварувањето и функционирањето на системот на јавните набавки во 2020 година. Истиот може да го прегледате во делот Публикации – Годишни извештаи.

Мислење на КЗК

Комисијата утврдила дека поставување на условот „Дозвола за собирање и транспортирање на опасен отпад – медицински отпад“ и „Дозвола за вршење на дејност складирање, третман и/или преработка на отпад – медицински отпад“ издадена од Министрерството за животна средина и просторно планирање, во постапките за јавни набавки со предмет на набавка собирање, транспорт и уништување на медицински отпад кои ги распишуваат болниците, се ограничува конкуренцијата. На следниот линк може да го прочитате мислењето во целост.

Read more

Препораки од Интернационалната стопанска комора за вметнување на Антикорупциска клаузула во договорите за јавни набавки

Почитувани посетители, Ве известуваме дека на 24-та седница на Влада усвоени се препораките од Интернационалната стопанска комора  за вметнување на Антикорупциска клаузула  во договорите за јавни набавки. Во прилог е целосната Информација со ставовите односно препораките за користење во договорите.