ЕДУКАЦИЈА

Едукацијата претставуваше и сеуште претставува еден од клучните приоритети на Бирото бидејќи зајакнувањето на капацитетите на договорните органи и економските оператори, придонесува за воспоставување на  транспарентен, ефикасен, економичен и одржлив систем на јавни набавки.

Бирото за јавни набавки едукација ја спроведува врз основа Законот за јавните набавки, Правилникот за програмата за едукација, планирањето, начинот на спроведување едукацијата и испитот, начинот на издавање и продолжување на важноста на потврдата за положен испит за лице за јавни набавки, Тарифникот за висината на надоместоците за едукација за јавни набавки и Интерните упатства.

Едукацијата за јавни набавки има за цел стекнување со знаења, вештини и компетенции, како и стручно усовршување на теоретските и практични знаења, вештини и компетенции во областа на јавните набавки заради стручно, економично, ефикасно и ефективно спроведување на постапките за јавни набавки на сите нивоа.

Согласно со наведениве прописи, Бирото во моментот спроведува едукација според следните наставни програми:

  • Наставна програма за обука на лица за јавни набавки;
  • Наставна програма за обука за обучувачи за јавни набавки;
  • Наставната програма за обука на лица за јавни набавки за продолжување на важноста на потврдата за лице за јавни набавки и
  • Наставната програма за обука на обучувачи за јавни набавки за продолжување на важноста на потврдата за обучувач за јавни набавки.

Успешното имплементирање на едукацијата доведе до професионализација и јакнење на стручниот кадар кај договорните органи и економските оператори со знаења од областа на јавните набавки.

Имајќи ја предвид, важноста на добро обучен кадар коj треба постојано да е во чекор со сите новини во областа на јавните набавки (која е доста динамична), Бирото во иднина планира да ја унапредува и проширува програмата за едукација со клучна цел за понатамошно подобрување на вештините и способностите за ефикасно применување на правилата за јавни набавки.