ЕСЈН освои трето место во категоријата на државни институции за „Најдобар сајт за 2018“

ЕСЈН освои трето место во категоријата на државни институции за „Најдобар сајт за 2018“

На манифестацијата „Сајт на годината 2018“, која се одржа на 13.12.2018 година во Инфо центарот на ЕУ во Скопје, во категоријата на најдобар сајт за владини/државни институции, веб страницата на ЕСЈН го освои третото место.

Изборот „Сајт на годината” кој се случува по деветти пат има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија.

Ова признание потврдува дека ЕСЈН е препознатлив, често користен и во кој имаат доверба не само учесниците во процесот на јавните набавки, туку и воопшто пошироката јавност.