Комплетиран проектот за подобрување на праксата на јавни набавки

Комплетиран проектот за подобрување на праксата на јавни набавки

Бирото за јавни набавки го комплетираше проектот за подобрување на праксата на јавните набавки кој почна да се реализира во 2016 година. Проектот е финансиран од Фондот за грант средства за зајакнување на финансиската отчетност, со кој управува Светска банка, а е финансиран од Европската Унија.

Преку овој проект се имплементираа индикатори за успешност и црвени знаменца на Електронскиот систем за јавни набавки, се зајакнаа капацитетите на вработените во Бирото и беа развиени повеќе функционалности на ЕСЈН меѓу кои: објавување огласи од меѓународни институции, преглед на тендерска документација без регистрација на системот, е-плаќање на ЕО и ДО за користење на системот, е-Архива и е-Жалба.