Поддршка на системот за јавни набавки
Извор на финансирање: ИПА 2008
Период: Септември 2011 – Февруари 2013
Корисник: Биро за јавни набавки
ЗЧ Твининг партнер: Сојузно министерство за економија и технологија (BMWi)
Севкупната цел на проектот Поддршка на системот за јавни набавки е да се обезбедат ефективни јавни набавки, промовирајќи делотворно искористување на државните буџетски средства при испораката на квалитетни јавни услуги до граѓаните со високо ниво на транспарентност и отчетност.
Бирото за јавни набавки има вложено значителни напори за поддршка на договорните органи и економските оператори преку одржување обуки и информирање и преку објавување на второстепено законодавство, упатства и модели на тендерска документација и договори. Ваквата поддршка општо наидува на многу позитивен прием.
Сепак, и покрај достигнувањата и големиот напредок, на капацитетот на Бирото за јавни набавки му е неопходно понатамошно зајакнување, од аспект на советодавната функција, а главно во поглед на оперативната страна на јавните набавки.
Во текот на следните 16 месеци, Европската унија ќе го поддржи понатамошното зајакнување на Бирото за јавни набавки со проект во вредност од 1 милион евра, кој се состои од осум компоненти:
Компонента 1:
Јавни конференции – видливост на проектните активности со цел да се постигне поголема видливост на Бирото за јавни набавки.
Компонента 2:
Помош во законодавната работа во поглед на усогласувањето на законската рамка за јавни набавки со правото на Европската унија - идентификување закони и регулативи во областа на јавните набавки за кои е сѐ уште неопходно усогласување, поставување приоритети и последователна помош при подготовката на нови закони целосно усогласени со acquis communautaire.
Компонента 3:
Анализа за проценка на влијанието - проценка на тешкотиите со кои се соочуваат економските оператори додека учествуваат во постапките за јавни набавки, развој на акциски план за справување со овие тешкотии како и последователна помош при спроведувањето на акцискиот план.
Компонента 4:
Помош при развојот на национална стратегија за развој на системот за јавни набавки - обезбедување на неопходната помош при развојот на национална стратегија за развој на систем за јавни набавки кој ќе му овозможи на Бирото за јавни набавки успешно да ги заврши претпристапните преговори со ЕУ.
Компонента 5:
Развој на оперативни алатки – анализа на постоечките модели на договори, упатства и прирачници, обновување, каде што има потреба, и идентификување на области каде што се неопходни дополнителни публикации, како и разработка на дополнителни оперативни алатки, вклучувајќи посебни упатства за интегритетот во јавните набавки (упатства за спречување корупција).
Компонента 6:
Помош при развојот на платформата за е-набавки (вклучувајќи поддршка за е-каталози и системи за динамично купување) - анализа на постоечката содржина на платформата за е-набавки во однос на постапките за јавни набавки (вклучувајќи е-каталози, е-аукции, системи за динамично купување, корисничка поддршка) што се однесува до тоа да биде разбирлива и едноставна за употреба.
Компонента 7:
Градење на капацитети на Бирото за јавни набавки - проценка на потребите од обука, развој на план за обуки и последователно спроведување на планот за обуки за надградба на знаењата на вработените во Бирото за јавни набавки како и за обезбедување можности за нивно запознавање со искуствата на сличните институции од земјите - членки на ЕУ.
Компонента 8:
Зајакнување на професионалниот капацитет на службениците за набавки во договорните органи (обуки за службениците за набавки) - анализа на потребите од обуки, подготовка и спроведување на план за обуки ориентиран кон потребите на службениците за набавки во договорните органи. Со планот за обуки ќе се дизајнира целосна програма која се заснова на вештините и потребите, фокусирајќи се на практичното искуство за оперативната работа на вработените во државата корисник.