ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЕДУКАЦИЈА

Почитувани,

Имајќи ги предвид препораките и заклучоците на Владата на Република Северна Македонија за преземање на мерки за превенција и спречување на корона вирусот, Бирото за јавни набавки планираните обуки и испити за месец март ГИ ОТКАЖА. За термините во кои се презакажани ќе добиете навремено известување.

Воедно, ве известуваме дека постои можност за откажување на обуките и испитите закажани во месец април, доколку прогнозата за пикот на епидемијата (кој се очекува да се случи во средината на април), се оствари. За оваа можност ќе бидете навремено известени.

Благодариме на разбирањето

ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ Е ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ. ОД НАС ЗАВИСИ!