ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАЧИНОТ НА РАБОТА НА БЈН

Почитувани,

Во согласност со препораките и заклучоците на Владата на Република Северна Македонија за преземање на мерки за превенција и спречување на корона вирусот, Бирото за јавни набавки во рамки на своите можности ќе го прилагоди своето работење кон електронско постапување по предметите и мислењата, односно опслужување на корисниците по електронски пат (контакт форма за поставување на прашања и електронска пошта).

За таа цел, Ве известуваме дека приоритет во постапувањето со предметите ќе имаат оние кои се поставени на подолу наведените електронски адреси и платформи на Бирото.

Доколку имате за достава хартиени предмети за во архивата на Бирото, Ве молиме истите да ги доставувате во скенирана форма на маил адресата arhiva@bjn.gov.mk, освен ако истите се преобемни за скенирање.  Одговорот освен по пошта ќе Ви биде доставен и скениран на е-маил адресата која ќе ја наведете.

Во зависност од видот на барањето/ пријавата/ дописот Ве молиме обратете се:

  • За барање на мислење- легислатива

Контакт форма на БЈН : https://www.bjn.gov.mk/postavi-prasha-e/

  • За пријава на проблем со Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) на:

Контакт форма на ЕСЈН: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/askquestion

Е-маил: info@bjn.gov.mk

  • За информации поврзани со пријавување/одржување на обуки во БЈН

Е-маил: obuki@bjn.gov.mk

  • За предмети поврзани со мислења од БЈН во постапки со преговарање:

Сите договорни органи кои треба да извршат набавки во постапка со преговарање без објавување оглас од причини од крајна итност, за набавките кои се директно поврзани со епидемијата од COVID-19 вирусот можат да ги реализираат без претходно да бараат мислење од Бирото за јавни набавки, согласно со членот 55 став (6) од Законот за јавните набавки, а со цел потребите да се задоволат во најкус можен рок без било какво одлагање. Потребно е причините соодветно да се образложат во одлуката за јавна набавка.

Останатите барања за мислење согласно член 55 став 5 од Законот за јавните набавки треба да се доставуваат по пошта.

За одделение за сметководство:

Е-маил: smetkovodstvo@bjn.gov.mk

  • За архива (за достава на хартиени предмети во скенирана форма):

Е-маил:  arhiva@bjn.gov.mk