Објавен Годишниот план за едукација за 2019 година

Бирото за јавни набавки согласно своите надлежности го изготви Годишниот план за едукација за 2019 година. Во истиот се утврдени 15 (петнаесет) петдневни термини за обука за лицата кои по прв пат треба да се стекнат со потврда за положен испит за лице за јавни набавки, 15 (петнаесет) еднодневни термини за обука за продолжување на важноста на сертификатот, како и 3 (три) дводневни термини за обука за економски оператори. Утврдени се и редовните и поправните термини за испит за секој термин на обука.

Планот можете да го погледнете во продолжение.

Пријавувањето се врши исклучиво електронски, со пополнување на формата тука