Покана за изразување интерс за меѓународен консултант

Бирото за јавни набавки имплементира Грант од Светска банка за подобрување на Електронскиот систем за јавни набавки. За таа цел, БЈН спроведува постапка за набавка на консултантски услуги од меѓународен индивидуален консултант за изработка на Стратегија и препораки за имплементација на нови алатки за јавни набавки:  е-Пазар за набавки од мала вредност и е-Каталози, согласно со правилата за набавки на Светска банка. Поканата за изразување интерес и проектната задача можете да ја добиете со кликнување на линковите подолу. Крајниот рок за изразување интерес е до 15 29 jануари 2018 година до 12 часот на пладне по локално време.

Барање за изразување на интерес  

Опис на работни задачи и обем на услуги