Работно време на корисничка поддршка

Бирото за јавни набавки имајќи ја предвид потребата на договорните органи и економските оператори од обезбедување брзи и навремени совети поврзани со спроведувањето на постапките за јавни набавки, ве известува дека Центарот за корисничка поддршка почнувајќи од 4 јуни 2018 година, ќе ви биде достапен секој работен ден во следниве термини10 до 11 и од 13 до 15 часот.