Важно известување – УЈП

Со Одлука на Претседателот на Република Северна Македонија на 18 Март 2020 година,  прогласена е вонредна состојба на територијата на целата држава заради заштита и справување со последиците од ширењето на вирусот КОВИД – 19. Вонредната состојба ќе трае 30 дена со можност за продолжување на истата за дополнителни 30 денови.
Поради наведеното сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции го имаат прилагодено своето работење.
Управата за јавни приходи апелира до даночните обврзници наместо да доаѓаат лично во Управата да го поднесат барањето за издавање на Уверение преку системот е-Даноци – https://etax-fl.ujp.gov.mk/index_uverenija.jsp
Имајќи ја предвид настанатата ситуација, укажуваме на договорните органи (економските оператори), при спроведување на поедноставена отворена постапка да определуваат разумен рок во кој економскиот оператор чија понуда е оценета за најповолна ќе треба да ја достави документацијата за утврдување на способност, и истиот да изнесува најмалку 5 дена.