| Трага: |
| |
|
| |
Тука можете да ја најдете целата законска регулатива од областа на јавните набавки (Законот за јавните набавки, уредби, одлуки и правилници и други подзаконски акти).
Тука можете да преземете модели на тендерска документација. Државната комисија за жалби е самостоен и независен орган формиран од Собранието на Република Македонија. Комисијата има централна улога во системот на правна заштита во јавните набавки и една од главните контролни функции. Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претпрел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од Законот за јавните набавки може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка. ЕСЈН е едноставен веб-базиран систем за користење, кој овозможува спроведување на јавните набавки во електронска форма во Република Македонија. ЕСЈН овозможува електронско тргување помеѓу договорните органи (набавувачите) во Република Македонија и домашните и странски економски оператори (понудувачи). Со користење на ЕСЈН се елиминира работата со хартиени документи и се обезбедува зголемена ефикасност и економичност во спроведувањето на постапките за доделување на договор за јавни набавки. Бирото за јавни набавки отсекогаш посветувало големо внимание на едукација и обука на кадарот кој работи во јавните набавки. Зајакнувањето на капацитетите на договорните органи и економските оператори за правилна примена на Законот за јавните набавки и другите прописи е еден од главните приоритети на нашето работење. Тука можете да ги преземете сите билтени и публикации на Бирото за јавни набавки. Тука можете да преземете модели на договори Бирото за јавни набавки е формирано како орган во состав на Министерството за финансии со својство на правно лице. Тоа функционира како единствен централен орган без подрачни единици. Неговото формирање претставува важен момент во унапредувањето на системот на јавни набавки кој насекаде во светот е многу динамичен и постојано се менува. Токму оваа негова карактеристика, но и фактот што јавните набавки се битен сегмент од јавната потрошувачка во стопанството, ја наметна потребата од создавање на вакво тело кое на секојдневна основа ќе ја следи имплементацијата на Законот за јавни набавки и ќе дава насоки за подобрување на системот. На 25ти октомври 2011 во ЕУ Инфо центарот, се одбележи официјалниот почеток на Твининг проектот: Поддршка на системот за јавни набавки, финансиран од Европската Унија |
| |