ЗА НАС

Краток преглед на активностите

Бирото за јавни набавки е формирано како орган на државната управа во состав на Министерството за финансии и истото претставува централно тело одговорно за координација и следење на системот на јавни набавки во Република Македонија.

Главните цели на БЈН го опфаќаат обезбедувањето кохерентна законска рамка која е усогласена со законодавството за јавни набавки на ЕУ, обезбедувањето рамка за еднообразна примена на прописите во областа на јавните набавки и развивањето на капацитетот за спроведување на постапките за доделување на договори за јавни набавки на хоризонтално ниво кај договорните органи во Република Македонија. Главните функции на Бирото за јавни набавки се следните:

  • Регулаторна функција – подготовка на нормативни акти во областа на јавни набавки и нивно доставување за усвојување од Собранието или до Владата;
  • Советодавна функција – издавање мислења за одредбите и спроведувањето на ЗЈН; советување на договорните органи и економските оператори; развивање модели за стандардна тендерска документација;
  • Обуки – организирање и спроведување обуки за државни службеници и други лица; утврдување на минималните услови за професионални квалификации за службениците за јавни набавки; развивање упатствата и прирачници;
  • Функција на следење – собирање, обработка и анализирање на податоците за јавни набавки и подготовка на статистички извештаи; одржување и ажурирање на евиденцијата за доделени договори за јавни набавки; надзор над законитоста на постапките за јавни набавки; поднесување годишен извештај до Владата за неговите активности во функционирањето на системот на јавни набавки;
  • Оперативно-развојна функција – развивање, управување и работење со Електронскиот систем за јавни набавки;
  • Меѓународни односи – соработка со меѓународни институции и други странски субјекти за работи поврзани со развојот на системот на јавни набавки.

Согласно со член 45 од Законот за јавните набавки (“Службен весник на Република Македонија” бр.24/19), Бирото ги врши следниве работи:

  • иницира предлози за донесување законски и други акти од областа на јавните набавки до министерот за финансии,
  • го следи и анализира спроведувањето на овој законот и другите прописи за јавни набавки, функционирањето на системот на јавните набавки и иницира промени за подобрување на системот на јавните набавки,
  • дава мислења во врска со одредбите и примената на овој закон и ги прави достапни до јавноста на неговата вебстраница,
  • изготвува прирачници и брошури за правилата за јавни набавки,
  • дава мислење за исполнетоста на условите во постапката со преговарање без објавување оглас согласно условите од овој закон,
  • врши управна контрола согласно со условите од овој закон,
  • изготвува инструкции како интерни упатства за внатрешната организација на БЈН при вршење управна контрола,
  • ги управува, развива и унапредува Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН) и електронскиот пазар за мали јавни набавки,
  • развива нови електронски алатки за зголемување на транспарентноста, ефикасноста и економичноста на постапките за јавни набавки,
  • управува со базата на податоци од постапките за јавни набавки и истата ја прави достапна до јавноста преку ЕСЈН,
  • ги обработува и анализира податоците за јавни набавки и подготвува статистички извештаи,
  • за констатираните неправилности од добиените известувања веднаш ги информира договорните органи, а по потреба и надлежните органи,
  • оневозможува користење на ЕСЈН на корисниците кои не ги извршуваат своите обврски кон ЕСЈН согласно со одредбите од овој закон,
  • презема корективни дејствија во случај на техничка грешка на ЕСЈН, пад или недостапност на ЕСЈН и по одлука на Државната комисија за жалби по јавни набавки,
  • ја отстранува објавената негативна референца на економски оператор врз основа на одлука на надлежен орган или на барање на договорниот орган придружено со изјава од
  • лицето кое ја издало негативната референца дадена пред надлежен орган за сторена техничка грешка,
  • ги анализира образложенијата на договорниот орган согласно со членот 31 став (6) и членот 42 став (3) од овој закон и доколку истите не се основани му укажува на договорниот орган за сторениот пропуст,
  • предлага на министерот за финансии кодекс на однесување при спроведување на јавните набавки,
  • подготвува модели на тендерска документација и модели на формулари за постапките регулирани со овој закон,
  • утврдува минимални услови за професионалните квалификации за лицата кои вршат стручни работи за јавните набавки,
  • организира и врши обука за едукација на службеници и на други стручни лица во врска со јавните набавки,
  • изготвува инструкции како интерни упатства за подготовка и спроведување на едукацијата за јавни набавки и обуката за обучувачи за јавни набавки кои се објавуваат на неговата вебстраница,
  • соработува со договорните органи од членот 9 на овој закон и со економските оператори, професионални институции за истражување, здруженија или со експерти за одделни области, во врска со јавните набавки,
  • соработува со меѓународните институции и други странски субјекти за работите поврзани со развојот на системот на јавните набавки, ја планира и ја координира странската
  • техничка помош на полето на јавните набавки,
  • поднесува годишен извештај до Владата за неговите активности во функционирањето на системот на јавните набавки и
  • врши други работи утврдени со овој закон.

Со работата на Бирото за јавни набавки раководи директор кој го именува Владата на Република Македонија на предлог на министерот за финансии за период од 4 години. Директор на Бирото може да биде именувано лице кое е државјанин на Република Македонија, во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност, има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС, односно завршен VII/1 степен образование од областа на правото или економијата, има работно искуство од најмалку седум години од кои најмалку пет години од областа на јавните набавки и поседува меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик не постар од пет години. Бирото за својата работа одговара пред Владата на Република Македонија и пред министерот за финансии. Подолу можете да ја видите и организациската структура со контакт информации за сите вработени. Една од основните заложби на Бирото е зголемување на транспарентноста и достапноста до информации на јавноста.

Контакт

Министерство за финансии Биро за јавни набавки

Палата “23 Октомври”

ул. Даме Груев бр.12

1000 Скопје, Република Македонија

Тел: +389 2 3255 689

е-пошта: legislativa@bjn.gov.mk | info@bjn.gov.mk

Директор

Армир Садики

е-пошта: armir.sadiki@bjn.gov.mk

м-р Александар Аргировски

Државен советник

е-пошта: aleksandar.argirovski@bjn.gov.mk

Сања Ѓуровска

Државен Советник

е-пошта: sanja.gjurovska@bjn.gov.mk

Сектор за нормативна дејност, обуки и меѓународни односи

м-р Рита Глигоријевска

Раководител на сектор

е-пошта: rita.gligorievska@bjn.gov.mk

Суад Зејнуловиќ

Советник

е-пошта: suad.zejnulovic@bjn.gov.mk

Габриела Папеш

Соработник

е-пошта: gabriela.papes@bjn.gov.mk

Александра Маџевска-Сараќинчева

Помлад соработник

е-пошта: aleksandra.m-sarakjincheva@bjn.gov.mk

Един Ѓерлек

Помлад соработник

е-пошта: edin.gjerlek@bjn.gov.mk

Билјана Каракашова Шулев

Помлад соработник

е-пошта: biljana.karakashova@bjn.gov.mk

м-р Фросина Дониновска Сусинов

Помлад соработник

е-пошта: frosina.doninovska@bjn.gov.mk

Јулијана Бојчева

Самостоен референт

е-пошта: julijana.bojceva@bjn.gov.mk

Јасмин Каришиќ

Писар-самостоен референт

е-пошта: jasmin.karisik@bjn.gov.mk

Сектор за следење на системот за јавни набавки и управување со ЕСЈН

м-р Марија Јованоска

Раководител на сектор

е-пошта: marija.jovanoska@bjn.gov.mk

м-р Горан Давидовски

Помошник раководител на сектор

е-пошта: goran.davidovski@bjn.gov.mk

м-р Марина Наумоска-Костиќ

Соработник

е-пошта: marina.kostic@bjn.gov.mk

м-р Александра Петревска

Помлад соработник

е-пошта: aleksandra.petrevska@bjn.gov.mk

м-р Драгана Тасевска

Помлад соработник

е-пошта: dragana.nikoloska@bjn.gov.mk

Ирина Арсовска

Помлад соработник

е-пошта: irina.arsovska@bjn.gov.mk

м-р Билјана Ристески

Помлад соработник

е-пошта: biljana.risteski@bjn.gov.mk

Николинка Јовановска

Помлад соработник

е-пошта: nikolina.jovanovska@bjn.gov.mk

Самостојно одделение за управување со човечки ресурси

Искра Давитковска-Костовска

Раководител на одделение

е-пошта: iskra.davitkovska-kostovska@bjn.gov.mk

Самостојно одделение за финансиски прашања

Александар Блажески

Раководител на одделение

е-пошта: aleksandar.blazeski@bjn.gov.mk

Љупка Георгиевска

Самостоен референт

е-пошта: ljupka.georgievska@bjn.gov.mk

Анкица Китановиќ

Помлад соработник

е-пошта: ankica.kitanovic@bjn.gov.mk

Ирена Митевска

Самостоен референт

е-пошта: irena.mitevska@bjn.gov.mk

Службено лице за посредување при остварувањето на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер:

м-р Драгана Николоска

Помлад соработник

е-пошта: dragana.nikoloska@bjn.gov.mk

м-р Фросина Дониновска Сусинов

Помлад соработник

е-пошта: frosina.doninovska@bjn.gov.mk

Овластено лице за постапување по претставките и предлозите:

Александра Маџевска-Сараќинчева

Помлад соработник

е-пошта: aleksandra.m-sarakjincheva@bjn.gov.mk

Контакт лице за комуникација со граѓани кои што имаат некаков вид и степен на попреченост:

Искра Давитковска-Костовска

Раководител на одделение

е-пошта: iskra.davitkovska-kostovska@bjn.gov.mk

Офицери за заштита на лични податоци:

м-р Билјана Ристески

Помлад соработник

е-пошта: biljana.risteski@bjn.gov.mk

КОДЕКС ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

Кодекс за административни службеници (Службен весник на РМ, бр. 183 од 12.12.2014 година)

СТРАТЕГИЈА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ НА БИРОТО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Стратегија за управување со ризици на Бирото за јавни набавки

СИСТЕМАТИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ МЕСТА

Правилник за систематизација на работните места во Бирото за јавни набавки

Правилник за внатрешна организација на Бирото за јавни набавки

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ НА БИРОТО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Политика за квалитет на Бирото за јавни набавки