Измени и дополнување на Законот за јавните набавки

Собранието на Република Македонија ги донесе Измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки, кои се објавени во Службен весник на Република Македонија бр.192/2015.

Овој закон влегува во сила на осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе почне да се применува од 1 јануари 2016 година, освен одредбите од членот 2 со кои се додаваат нови членови 14-ѕ и 14-и, членот 4 со кој се изменува членот 101-а, членот 5 со кој се дополнува членот 160 став (2) и членот 6 од овој закон со кој се додава нов став (3) во членот 190, кои ќе отпочнат да се применуваат со денот на влегувањето во сила на овој закон.
Измени и дополнување на Законот за јавните набавки