Договорниот орган определува лице или организациски облик во чии рамки ќе се вршат работи од областа на јавните набавки. Лицето за јавни набавки согласно со член 80 став 2 од законот, е лице кое има стекнато најмалку 180 кредити според ЕКТС, односно завршен VI/1 степен на образование и кое има соодветна потврда за положен испит за лице за јавни набавки.
Од изнесеново произлегува дека, договорниот орган треба да определи лице или организациски облик во чии рамки ќе се вршат работи од областа на јавните, и при тоа, условите кое лицето за јавни набавки треба да ги исполни се однесуваат на образованието кое го стекнало (најмалку 180 кредити според ЕКТС, односно завршен VI/1 степен на образование) како и поседување на соодветна потврда за положен испит за лице за јавни набавки.
Лицето со средна стручна спрема би можело да извршува само помошни работи поврзани со јавните набавки, но истото, неможе да биде лице за јавни набавки и да ги извршува работите од член 80 став 2 и 3 од законот.
Со членот 80 од законот, со кој се уредуваат условите кои едно лице треба да ги исполни за да биде лице за јавни набавки, како и работите кои треба да ги извршува, не е експлицитно наведено дека лицето/ лицата треба да бидат вработени кај договорниот орган. Сепак, истото се подразбира, а на ова упатуваат и одредбите кои се однесуваат на општите мерки за спречување на корупцијата утврдени со членовите од 33, 34, 35 и 36 од законот.
Договорниот орган определува лице или организациски облик во чии рамки ќе се вршат работи од областа на јавните набавки. При тоа, лицето/лицата од организацискиот облик меѓудругото ги ажурира податоците кои согласно со овој закон се доставуваат во ЕСЈН. Имено, лицето за јави набавки ги ажурира податоците за набавките на кои се применуваат одредбите од законот, и се доставуваат во ЕСЈН.
Од друга страна, набавките со вредност под вредносните прагови кои се вршат согласно со член 40 став 1 од законот, договорниот орган ги внесува во квартална евиденција која е јавно достапна на ЕСЈН.
Од изнесеново произлегува дека, договорниот орган и за набавките под вредносните прагови (на кои не се применуваат одредбите од законот), има обврска истите да ги внесе во квартална евиденција која е јавно достапна на ЕСЈН. Истовремено, договорниот орган треба да води сметка овие набавки во тековната година да не го надминат прагот од 12.000 / 24.000 евра во денарска противвредност.
Во однос на прашањето кој организациски облик кај договорниот орган ја пополнува оваа евиденција, сметаме дека тоа треба да биде организацискиот облик кој води сметка во тековната година да не се надмине прагот од 12.000 / 24.000 евра во денарска противвредност.
Напоменуваме дека за овие набавки пожелно е договорниот орган да донесе интерна процедура во која јасно ќе утврди како истите ќе се спроведуваат, до кого ќе се поднесува барањето за наведените набавки, кој ќе ги одобрува, кој ќе ја води евиденцијата и сл.
Во случај кога се спроведува групна набавка согласно со член 62 став 1 од законот, лицето за јавни набавки (од договорниот орган кој учествува во групната набавка) може да учествува во комисијата за јавна набавка која ја формирал другиот договорен орган и која (согласно со договорот за извршување на групна набавка) има обврска да ја спроведе постапката.
Лицето за јавни набавки од одреден договорен орган може да учествува во работата на комисијата за јавна набавка (на друг договорен орган) како надворешно стручно лице. Но, треба да се има предвид дека надворешните стручни лица не се членови на комисијата за јавна набавка, туку и помагаат на комисијата при евалуацијата на понудите и немаат право да одлучуваат.
Лицето за јавни набавки меѓу останатите работи кои ги врши, согласно со член 80 став 3 алинеја 7 од законот, задолжително учествува како член во комисијата кај постапките за доделување договор за јавна набавка со проценета вредност над 130.000 евра за стоки и услуги и над 5.000.000 евра за работи.
Лицето за јавни набавки вработено кај друг договорен орган може да учествува во работата на комисијата за јавна набавка (кај друг договорен орган) како надворешно стручно лице. Но, треба да се има предвид дека надворешните стручни лица не се членови на комисијата за јавна набавка, туку и помагаат на комисијата при евалуацијата на понудите и немаат право да одлучуваат.
Лицето/лицата за јавни набавки согласно со член 80 став 3 од законот, ги вршат следниве работи: учествува во подготовката на планот за јавни набавки, ја изготвува одлуката за јавна набавка, врши набавки од мала вредност, учествува во изработката на тендерската документација, го објавува огласот за јавна набавка, ја советува комисијата при спроведување на постапката за доделување договор за јавна набавка, учествува како член во комисијата кај постапките за доделување договор за јавна набавка со проценета вредност над 130.000 евра во денарска противвредност за стоки и услуги и над 5.000.000 евра за работи, ги подготвува потребните акти врз основа на извештајот од спроведена постапка, ги ажурира податоците кои согласно со овој закон се доставуваат во ЕСЈН, објавува негативна референца во ЕСЈН, дава насоки и упатства на договорниот орган во врска со постапување во жалбената постапка во соработка со комисијата, се грижи за досиејата од спроведени постапки согласно со прописите за канцелариско и архивско работење и врши други работи поврзани со претходно наведените.
Од наведенава одредба јасно произлегува кои работи поврзани со јавните набавки самостојно ги извршува лицето/лицата за јавни набавки, а во кои лицето/лицата за јавни набавки учествува заедно со лицата од организацискиот облик кој ја утврдил и искажал потребата од конкретната јавна набавка и на чие барање истата е внесена во Годишниот план за јавни набавки.
Секој договорен орган ја утврдува својата организациона поставеност (организациони единици, сектори, дирекции, одделенија) која треба да му овозможи успешно реализирање на неговите законски надлежности. Наведеново, укажува на потребата токму тие организациони единици (баратели на конкретни јавни набавки) кои имаат стручност, искуство, знаење и вештини за работите од нивен делокруг, да ја подготват тендерската документација, односно да предложат предметот на набавка да се оформи во делови или не, да ги дефинираат техничките спецификации на предметот на набавка, да предложат критериуми врз основа на кои ќе се утврдува способноста на економските оператори, критериуми врз основа на кои ќе се избере најповолната понуда, како и сите барања и услови кои се значајни за конкретната јавна набавка. При тоа, лицето/лицата за јавни набавки треба да учествуваат во овој процес со упатства и насоки кои се во функција на спроведување на постапката за јавна набавка во согласност со основните принципи на законот, кои овозможуваат постапката да биде транспарентна, недискриминирачка и која ќе овожможи рационално користење на јавните средства.
Лицето за јавни набавки меѓу останатите работи кои ги врши, согласно со член 80 став 3 алинеја 13 од законот, врши и други работи согласно со овој закон.
Иако, реализацијата на договорите за јавна набавка по правило треба да ја следи организацискиот облик кој ја изјавил потребата од конкретната набавка (бидејќи тој ја поседуваат потребната стручност), во случај кога има потреба од измени на договорот за јавна набавка во текот на неговата важност, нема пречка лицето/лицата од организацискиот облик во чии рамки се вршат работи од областа на јавните набавки, да дава насоки и упатства со цел правилно спроведување и почитување на одредбите од член 119 од Законот за јавните набавки.
Лицето за јавни набавки согласно со член 80 став 3 од законот, учествува во подготовката на планот за јавни набавки, ја изготвува одлуката за јавна набавка, врши набавки од мала вредност, учествува во изработката на тендерската документација, го објавува огласот за јавна набавка, ја советува комисијата при спроведување на постапката за доделување договор за јавна набавка, учествува како член во комисијата кај постапките за доделување договор за јавна набавка со проценета вредност над 130.000 евра во денарска противвредност за стоки и услуги и над 5.000.000 евра во денарска противвредност за работи, ги подготвува потребните акти врз основа на извештајот од спроведена постапка, ги ажурира податоците кои согласно со овој закон се доставуваат во ЕСЈН, објавува негативна референца во ЕСЈН, дава насоки и упатства на договорниот орган во врска со постапување во жалбената постапка во соработка со комисијата, се грижи за досиејата од спроведени постапки согласно со прописите за канцелариско и архивско работење и врши други работи согласно со овој закон.
Наведенава одредба јасно укажува кои работи поврзани со јавните набавки лицето самостојно ги извршува, а во кои истото учествува заедно со лицата од организацискиот облик кој ја искажал потребата од конкретната набавка, како и комисијата.
Од друга страна, со член 79 став 2 од законот, се пропишуваат работите кои комисијата во зависност од постапката за јавна набавка, ги врши и тоа: учествува во изработката на тендерската документација, спроведува технички дијалог со економските оператори, одговара на прашања и барања за појаснување на тендерската документација, ги отвора понудите или пријавите за учество, ја утврдува способноста на економските оператори, утврдува избрани кандидати, ги проверува техничките понуди поднесени од понудувачите во врска со условите и барањата од техничките спецификации или од описната документација, ги проверува финансиските понуди поднесени од понудувачите во врска со цената и соодветните финансиски и други услови утврдени во тендерската документација, утврдува неприфатливи понуди, како и причините заради кои тие понуди се сметаат за неприфатливи, утврдува прифатливи понуди и/или соодветни понуди, предлага најповолна понуда или поништување на постапката, подготвува извештај за спроведената постапка, ги известува учесниците во постапката за исходот од соодветната постапка, учествува во изготвувањето одговор по жалба и други работи согласно со овој закон.
Така, од наведенава одредба јасно може да се утврди кои работи комисијата самостојно ги извршува, а во кои учествува заедно со лицето за јавни набавки, како и организацискиот облик кој ја искажал потребата од конкретната набавка.
Додека, одговорно лице на договорниот орган ја носи одлука за јавна набавка, одлука за избор или поништување а во одредени случаи и годишниот план.
Одговорното лице со одлуката за јавна набавка меѓу другото, ги назначува претседателот и членовите на комисијата за јавна набавка, нивниот број и нивните заменици. Законот експлицитно не определува кои лица можат (не можат) да бидат членови на комисијата за јавни набавки (во смисла на нивна стручна спрема, работно место на кое се наоѓаат, работно искуство и сл.). Единствен услов кој го поставува законот, во однос на составот на комисијата за јавна набавка, е во случаите кога се доделува договор за јавна набавка со проценета вредност над 130.000 евра во денарска противвредност за стоки и услуги и над 5.000.000 евра во денарска противвредност за работи, задолжително да членува лице кое има потврда за положен испит за лице за јавни набавки. Така, законот не пропишува дали лицето кое кај договорниот орган е распоредено на работно место сметководител, односно во организациониот облик во кој се вршат работи од областа на финансиските прашања, смее да биде член на комисијата за јавни набавки. Доколку, вакво ограничување постои во друг материјален закон, во тој случај договорниот орган треба да ги почитува и одредбите на тој закон.
Со членот 79 од законот, се пропишуваат работите кои комисијата во зависност од видот на постапката ги врши, се задолжуваат членовите на истата да постапуваат согласно со Кодексот на однесување при спроведување на јавните набавки, а бројот на членови мора да е непарен.
Имајќи предвид дека законот не воспоставува дргуи услови како на пример формата на работниот однос кои членовите на комисијата треба да го засноваат со договорниот орган, во предвид треба да се имаат и материјалните прописи со кои се регулира работниот однос и правата и обврските кои произлегуваат од него, како и материјалните прописи врз основа на кои се ангажирани тие лица.
Лицето од организацискиот облик за јавни набавки согласно со член 80 став 3 алинеја 7 од законот задолжително учествува како член во комисијата кај постапките за јавна набавка со проценета вредност над 130.000 евра во денарска противвредност за стоки и услуги и над 5.000.000 евра за работи.
Од друга страна, секој договорен орган ја утврдува својата организациона поставеност (т.е. организациони единици дирекции, сектори, одделенија) која треба да му овозможи успешно реализирање на неговите законски надлежности. Ова укажува на потребата токму тие организациски единици (кои имаат стручност, искуство, знаење и вештини за работите од нивен делокруг), и кои ја искажале потребата од конкретната јавна набавка да учествуваат и како членови во комисијата со оглед дека при евалуација на техничките понуди од особено значење е поседувањето на стручно знаење за предметот на набавка.
Лицето/лицата за јавни набавки (кога проценетата вредност на набавката е под 130.000 евра во денарска противвредност за стоки и услуги и под 5.000.000 евра во денарска противвредност за работи) нема законска обврска да членува во комисијата за јавна набавка, туку ја советува комисијата при спроведување на постапката со упатства и насоки кои се во функција на спроведување на постапката за јавна набавка во согласност со основните принципи на законот, кои овозможуваат постапката да биде транспарентна, недискриминирачка и која ќе овожможи рационално користење на јавните средства.
Сепак, договорниот орган со одлуката за јавна набавка го назначува составот на комисијата и може и за набавката со вредност под 130.000 евра за стоки и услуги, и под 5.000.000 евра за работи, да назначи да членуваат и лица од организацискиот облик за јавни набавки.