Кога во постапката за јавна набавка се користи способноста на физичко лице кои согласно позитивните законски прописи претставува самостоен вршител на дејности (занаетчија, индивидуален земјоделец, трговец-поединец) што поседува права и обврски, а својството на правен (деловен) субјект му е признаено врз основа на постојните законски прописи, договорниот орган ги проверува оние причини за негово исклучување од постапката, за кои истото може да достави докази.
Од друга страна, согласно со член 95 став (8) под в) од Законот за јавните набавки, во постапките за јавни набавки, техничката и професионалната способност на економскиот оператор може меѓу другото да се докаже и: со опис на техничкиот персонал и техничките органи кои ќе учествуваат во извршувањето на јавната набавка, особено на оние кои се одговорни за контролата на квалитетот, а во случај на јавна набавка на работи, оние што ќе бидат вклучени во изведување на работите, без оглед на тоа дали се вработени во економскиот оператор или не.
Со овој доказ економскиот оператор ја докажува достапноста на техничкиот персонал кои ќе учествуваат во извршувањето на предметната набавка, особено оној/ие кои се одговорни за контролата на квалитетот, без оглед на тоа дали истите се вработени кај него или не. Овој доказ е во форма на изјава која ја дава самиот економски оператор. Доколку, техничкиот персонал и техничките органи не му припаѓа на економскиот оператор, во прилог на документацијата треба да се достави и доказ за нивната достапност (договор за ангажман, деловно-техничка соработка, изјава од лицата кои ќе бидат ангажирани и сл.).
Оттука, доколку економскиот оператор со ангажираното физичко лица (кое самостојно работи определена работа и е платен за извршената задача) има склучено договор за ангажман или деловно – техничка од кој јасно произлегува дека истото ќе ги извршува работите за цело времетраење на договорот, тогаш истото има третман на ресурс на економскиот оператор, односно не претставува субјект чија способност ја користи економскиот оператор.Оттука, за вака ангажираното физичко лице, договорниот орган не проверува дали ги исполнува потребните услови за квалитативен избор и дали постојат причини за негово исклучување од постапката.
Напомена: Во овој случај економскиот оператор ангажира физичко лице - фриленсер којшто самостојно работи определена работа, не добива редовна плата, туку се плаќа според сработеното по претходен договор, односно којшто работи самостојно и е платен за извршената задача и истиот има третман на ресурс на економскиот оператор т.е. понудувачот.