ОДГОВОРИ НА ПРАШАЊА

Критериуми за избор на најповолна понуда

Постапките за јавни набавки се спроведуваат согласно Законот за јавните набавки, важечките подзаконски акти, како и материјалните прописи кои го уредуваат предметот на набавка.

Согласно член 99 став 4 од законот, доколку цената на одредена стока или надоместокот за одредена услуга е пропишан со закон или друг пропис, договорниот орган нема да ја користи цената како критериум за избор на најповолна понуда во постапката за јавна набавка. При тоа се мисли на цена која со закон или друг пропис е пропишана како фиксна (не на максимална или минимална) и која економскиот оператор следејќи ги пазарните услови нема можност да ја намалува.

Според член 149 од Законот за енергетика, во согласност со прописот од членот 28 став 3 од овој закон, Регулаторната комисија за енергетика донесува одлука за највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт.

Имајќи го предвид горенаведеното, во постапка за јавна набавка на нафтени деривати и горива,  може да се користи цената како критериум за избор на најповолна понуда, од причина што согласно материјалните прописи кои ја регулираат оваа област, Регулаторната комисија за енергетика не ја пропишува цената, во смисла на член 99 став 4 од Законот за јавни набавки, туку донесува одлука за највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт, поради што постои можност за намалување на истите. Исто така не е регулирана ниту цената на електричната енергија (освен за домаќинставата).

Не најдовте соодветен одговор?
Може да поставите прашање во врска со Законот за јавните набавки на нашата контакт форма