ОДГОВОРИ НА ПРАШАЊА

Набавка на посебни услуги

Видовите на посебни услуги согласно со член 121 став 5 од законот ги определува министерот за финансии со Правилник за посебните видови на услуги кои се предмет на договорите за јавни набавки („Службен весник на РМ“ бр. 64/2019). Истиот можете да го најдете на веб страницата на Бирото за јавни набавки – ЛИНК

Од друга страна, согласно со член 2 став 1 точка 35 од законот, „Заеднички поимник за јавни набавки CPV (во натамошниот текст: ЗПЈН)“ е единствен класификациски систем на номенклатури на стоки, услуги и работи што се применува во постапките за јавни набавки и кој обезбедува еднообразност со останатите постојни номенклатури за стоки, услуги и работи.

Имајќи ја предвид одредбата од член 32 став 1 од законот, согласно која во постапките за јавни набавки се користи номенклатурата од ЗПЈН, за да може со сигурност да сe утврди кои услуги се сметаат за посебни треба да се консултираат горенаведените акти.

Не најдовте соодветен одговор?
Може да поставите прашање во врска со Законот за јавните набавки на нашата контакт форма