Кај набавката од мала вредност согласно со член 48 став 6 од законот, договорниот орган го утврдува единствено условот за вршење професионална дејност, како и непостоењето причина за исклучување од постапката поради издадена негативна референца.
Дополнително, договорниот орган, може да го утврди и условот од член 88 став (4) точка б) од законот.
Кај набавката од мала вредност согласно со член 48 став 6 од законот, договорниот орган го утврдува единствено условот за вршење професионална дејност. Од наведенава одредба јасно произлегува дека, договорниот орган кај овој вид на постапка за јавна набавка неможе да утврдува други услови за утврдување на способноста на економските оператори.
Договорниот орган може да спроведе постапка со преговарање без објавување оглас за јавна набавка за стоки, услуги или работи согласно со член 55 став 1 под а) од законот, кога по претходно спроведени две отворени постапки или поедноставени отворени постапки не е поднесена ниту една понуда или ниту една соодветна понуда, односно кога по претходно спроведени две ограничени постапки не е поднесена ниту една пријава за учество или ниту една соодветна пријава за учество во првата фаза, под услов да не се значително сменети условите од тендерската документација. Од изнесеново јасно произлегува дека во конкретниов случај не може да се спроведе постапка со преговарање без објавување оглас.
Во ваков случај, треба да се испита причината за недостатокот на интерес на економските оператори да учествуваат во постапка. Доколку, причина за неучество во постапката се лошо дефинирани тендерски услови или недоволно обезбедени средства, договорниот орган ќе мора да ги преоцени своите барања и да ги модифицира барањата и/или спецификациите.
Да, со Закон за изменување и дополнување на законот за јавните набавки („Службен весник на РСМ“ бр.14/25) се изврши измена на член 48 став (6). Имено, почнувајќи од 23 јануари 25 година, договорниот орган и кај набавката од мала вредност задокжително проверува непостоење причина за исклучување од постапката поради издадена негативна референвца.
Дополнително, како причина за исклучување од постапката договорниот орган може во тендерската документација да го предвиди и условот од член 88 став (4) точка б) од законот, согласно кој од постапката ќе може да го исклучи економскиот оператор кој покажал значителни или постојани недостатоци во исполнувањето на клучни обврски во претходни договори за јавни набавки, што резултирало со еднострано раскинување на договорот, барање оштета или преземање други слични санкции од страна на договорниот орган.
Кај поедноставена отворена постапка, согласно со член 49 став (3) од законот, економскиот оператор има слобода да бира дали ќе достави изјава за докажување на способноста или потребните документи за утврдување на бараната способност.
Сепак, согласно горенаведениот став, во случај економскиот оператор да достави и изјава за докажување на способноста и документи за докажување на способност, комисијата ќе ја евалуира изјавата.
Согласно став (4) од истиот член, пред донесување на одлуката за избор на најповолна понуда, економскиот оператор чија понуда е оценета за најповолна е должен во рок кој го утврдува комисијата за јавна набавка и кој нема да е пократок од три работни дена да ги достави документите за утврдување способност доколку со понудата доставил изјава за докажување на способноста, а во спротивно ќе се смета дека ја повлекува понудата.
Од друга страна, во случај кога понудувачот во прилог на понудата доставил документи за утврдување способност, договорниот орган може, во текот на евалуацијата, да го примени ставот (2) од членот 109 од Законот, односно може да побара понудувачите да ги појаснат документите или да достават документи, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација.
Кај поедноставена отворена постапка, согласно со член 49 став 3 од законот, економскиот оператор има слобода да бира дали ќе достави изјава за докажување на способноста или потребните документи за утврдување на бараната способност.
При тоа, изјавата се однесува на сите документи со кои економскиот оператор го докажува исполнувањето на условите за квалитетивен избор кои биле барани во тендерската документација а кои произлегуваат од членовите 90, 91 и 92, како и на стандардите за системи за квалитет и стандардите за управување со животната средина утврдени во членовите 93 и 94.
Економскиот оператор чија понуда е оценета за најповолна согласно со член 49 став 4 од законот, е должен пред донесување на одлуката за избор на најповолна понуда, да ги достави документите за утврдување способност, доколку не ги доставил со понудата. Воедно, договорниот орган кај оваа постапка ги прифаќа документите за утврдување на способност кои се издадени и по крајниот рок за поднесување на понудите.
Согласно член 49 став (4) од законот, пред донесување на одлуката за избор на најповолна понуда, економскиот оператор чија понуда е оценета за најповолна е должен во рок кој го утврдува комисијата за јавна набавка и кој нема да е пократок од три работни дена да ги достави документите за утврдување способност доколку со понудата доставил изјава за докажување на способноста, а во спротивно ќе се смета дека ја повлекува понудата.
Воедно, напоменуваме дека рокот за достава на документите за утврдување способност не може да биде пократок од три работни дена, но договорниот орган може да определи подолг рок со цел да му овозможи на економскиот оператор доволно време да ги обезбеди потребните документи (особено оние кои се издаваат од надлежни државни органи).
Доколку во рокот кој што го определила комисијата, економскиот оператор не ги достави документите или достави нецелосни документи или достави невалидни документи, договорниот орган без да утврди дополнителен рок за доставување на документи, констатира дека економскиот оператор ја повлекува понудата и согласно член 101 став (6) алинеја 1 и член 101 став (7) од законот, објавува негативна референца во ЕСЈН.
Набавката од мала вредност и поедноставената отворена постапка се дизајнирани за набавки чија вредност е под вредносните прагови определени со Директивите (и кои изнесуваат 135.000 евра за стоки и услуги, 5.225.000 евра за работи и 750.000 евра за посебните услуги). Според, искуството на Европската комисија (како и искуството на земјите-членки, а и нашето), набавките под вредносните прагови опфаќаат најголем дел од набавките доделени од страна на договорните органи и затоа се од голема важност како кај земји-членки така и кај нас. Овие набавки претставуваат значителни расходи за договорните органи, како и големи деловни можности за економските оператори, особено за малите и средни претпријатија (МСП). Набавките под вредносните прагови не се опфатени со процедуралните барања од Директивите, и најголемиот дел од овие набавки од страна на договорните органи се доделени со примена на национални правила, политики и постапки. Сепак, и за овие набавки треба да се применат основните начела на јавните набавки (особено осние кои директно произлегуваат од Договорот за формирање на Европската унија и основните стандарди дефинирани од Судот на правдата на Европската унија). Тоа значи дека за набавките под вредносните прагови, постапките за јавни набавки треба:
Вообичаена практика во земјите – членки е да се прави разлика меѓу набавките над вредносните прагови и набавките под вредносните прагови и со нив да се постапува различно од аспект на правилата и постапките што се користат. Најголемиот дел од земјите-членки, набавките под вредносните прагови ги уредуваат со закон или пропис и наложуваат набавките под вредносните прагови да се заснова на отворени, правични и конкурентни постапки. Сепак, набавките под вредносните прагови генерално подлежат на примена на различни процедурални барања и рокови, со цел истите да одговараат на проценетата вредност на набавката согласно начелото на пропорционалност.
Оттука, иако законот не забранува во случај на потреба од спроведување на набавка од мала вредност да се спроведе поедноставена отворена постапка (или во случај на потреба од спроведување на поедноставената отворена постапка да се спроведе отворена постапка), треба да се има предвид дека истата е креирана за од една страна да биде транспарентна и да обезбеди соодветна отворената и фер конкуренција, а од друга страна да привлече и поттикне поширок спектар на потенцијални понудувачи, а особено мали и средни претпријатија и нови компании за кои набавките со помала вредност се особено привлечни.
Во случај економскиот оператор да достави и изјава за докажување на способноста и документи за докажување на способност, комисијата ќе ја евалуира изјавата.