Согласно член 23 став 1 точка 3 алинеја в) од законот, одредбите од истиот не се применуваат при јавна набавка на термини за радио или телевизиско емитување програма. Имајќи во предвид дека исклучокот содржан во наведенава одредба се однесува само на набавка на термини за радио или телевизиско емитување програма, а не и за закуп на простор на интернет портали или дневен печат, произлегува дека договорниот орган во зависност од проценетата вредност на предметната набвака треба да спроведе соодветна постапка пропишана со Законот за јавни набавки.
Согласно со член 23 став 1 точка 4 од Законот за јавните набавки, одредбите на истиот не се применуваат на услуги кои договорниот орган ги доделува на друг договорен орган или здружение на договорни органи, ако истите имаат ексклузивно право врз основа на закон, подзаконски акт или управен акт објавен во „Службен весник на Република Македонија“ односно во општинско службено гласило да ги обезбедуваат предметните услуги. Имајќи го предвид наведеното, договорниот орган има можност потребата за паркинг услуги да ја обезбеди со примена на наведенава одредба, доколку утврди дека се исполнети предвидените услови, односно доколку Јавно претпријатие врз основа на закон, подзаконски акт или управен акт објавен во „Службен весник на Република Македонија“ односно во општинско службено гласило има ексклузивно право да обезбедува паркинг услуги. Во спротивано, договорниот орган е должен да постапи во согласност со член 40 и член 47 од Законот и во зависност од проценетата вредност на преметната набвака да ги примени соодветните одредби од Законот за јавни набавки.
Договорниот орган нема да ги примени одредбите од Законот за јавните набавки, кога согласно со член 23 став 1 точка 4 доделува услуги на друг договорен орган или здружение на договорни органи, ако истите имаат ексклузивно право врз основа на закон, подзаконски акт или управен акт објавен во „Службен весник на Република Македонија“ односно во општинско службено гласило да ги обезбедуваат предметните услуги. Имено, согласно со член 41 став 1 од законот, огласите и известувањата за постапките чија проценета вредност без ДДВ е еднаква или повисока од вредностите од член 40 став 1 од овој закон, се објавуваат во ЕСЈН. Бирото за јавни набавки согласно со член 45 став 1 алинеја 8 од законот управува со Електронскиот систем за јавни набавки. Од изнесеново јасно произлегува дека, во конкретниов случај не се спроведува постапка со преговарање без објавување на оглас, туку се применува горенаведениот исклучок.
Договорниот орган нема да ги примени одредбите од Законот за јавните набавки, кога согласно со член 23 став 1 точка 4 доделува услуги на друг договорен орган или здружение на договорни органи, ако истите имаат ексклузивно право врз основа на закон, подзаконски акт или управен акт објавен во „Службен весник на Република Македонија“ односно во општинско службено гласило да ги обезбедуваат предметните услуги. Јавното претпријатие„ Службен весник на Република Северна Македонија“ Скопје е основано со Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во “Службен весник на Република Македонија“ (“Службен весник на РМ“, бр.56/99), како правен следбеник на Новинско-издавачката работна организација Службен весник на Република Македонија – Скопје. Согласно со член 1 од наведениов закон, со него се уредува објавувањето на законите, другите прописи и акти во Службен весник на Република Македонија, како и издавањето на службеното гласило Службен весник на Република Македонија. Од изнесеново јасно произлегува дека, во конкретниов случај не се спроведува постапка со преговарање без објавување на оглас, туку се применува горенаведениот исклучок.
Договорниот орган нема да ги примени одредбите од Законот за јавните набавки, кога согласно со член 23 став 1 точка 4 доделува услуги на друг договорен орган или здружение на договорни органи, ако истите имаат ексклузивно право врз основа на закон, подзаконски акт или управен акт објавен во „Службен весник на Република Македонија“ односно во општинско службено гласило да ги обезбедуваат предметните услуги. Од друга страна, согласно со член 5-а став 1 од Законот за вештачење, за потребите на органите на државната управа, јавните прептријатија и акционерските друштва во државна сопственост, вештачење врши Бирото за судски вештања по претходно поднесено писмено барање за вештачење во соодветните области. Од изнесеново произлегува дека не сите договорни органи од член 9 можат да го применат наведениов исклучок кога набавуваат услуги за вештачење. Имено, овој исклучок може да го применат само органите на државната управа, јавните прептријатија и акционерските друштва во државна сопственост. ¹Овој одговор се однесува за набавка на услуги за вештачење на кои се применуваше наведената одредба од Законот за вештачење („Службен весник на РМ“ бр. 115/10, 149/12, 12/14, 43/14, 104/15, 148/15, 192/15, 64/18).
Согласно со член 18 став 1 точка а) од Законот за јавните набавки, истиот се применува на постапки за јавни набавки на работи кои се субвенционираат или кофинансираат со повеќе од 50% од страна на договорните органи од членот 9 став (1) точки а), б) и в) од законот, и чија проценета вредност без вклучен ДДВ е еднаква или повисока од 1.000.000 евра во денарска противвредност, кога тие вклучуваат работи од ниска градба или работи за изградба на болници, објекти наменети за спорт, рекреација и разонода, училишта и универзитетски објекти, како и објекти што се користат за административни цели. Исто така, согласно со член 18 став 1 точка б) од Законот за јавните набавки, истиот се применува и на постапките за јавни набавки на услуги кои се директно субвенционирани или кофинансирани со повеќе од 50% од страна на договорните органи од членот 9 став (1) точки а), б) и в) од законот, и чија проценета вредност без вклучен ДДВ е еднаква или повисока од 130.000 евра. Одредбите од Законот за јавните набавки се применуваат и на постапките за јавни набавки на стоки и услуги кои договорните органи од членот 9 став (1) точки а), б) и в) од законот, ги субвенционираат или кофинансираат со повеќе од 50% во соработка со здруженија, организации или институти, доколку проценетата вредност на стоките или услугите без вклучен ДДВ е еднаква или повисока од 40.000 евра во денарска противвредност. Од наведенава одредба произлегува дека во случај на исполнетост на горенаведените услови субјектот кој не претставува договорен орган, има обврска да го примени Законот за јавните набавки.
Со членот 23 се уредуваат општите исклучоци од примена на Законот за јавните набавки, односно се утврдуваат видовите на набавки на кои договорните органи немаат обврска да ги применат одредбите од законот. Исклучоците од примена на законот кои се однесуваат на различни правни услуги се утврдени во член 23 став (1) под 3 точки од д) до з) од законот. Па така, точка д) од примена на законот ги исклучува адвокатските услуги за правно застапување на странки во различни судски постапки пред домашните и меѓународните судови, различните трибунали или во постапки за медијација и арбитража. Исто така, законот ги исклучува од примена и другите поврзани адвокатски услуги кои се однесуваат на советување на странките во постапките пред домашните и меѓународните судови или трибунали. И нотарските услуги се исклучени од примена на Законот за јавни набавки. Станува збор за услуги кои влегуваат во доменот на јавните овластувања што ги имаат нотарите, за одредени услуги постои територијална поделба во согласност со прописите што го уредуваат нотаријатот, а цената на овие услуги е целосно регулирана. Од примена на законот се исклучени и услугите на старатели или именувани законски застапници на малолетни лица или други правни услуги чии даватели ги именувал суд или кои се утврдени со закон за извршување одредени задачи под надзор на суд. Точка з) од примена на законот исклучува и други правни услуги кои се поврзани со вршење службени овластувања. Правни услуги поврзани со вршење службени овластувања, најчесто се обезбедуваат од тела или лица избрани или именувани на начин пропишан со друг пропис, а не на начин на кој се регулираат постапките за јавни набавки.
Во членот 23 од Законот за јавните набавки се утврдени општите исклучоци, односно случаи кога не се применуваат одредбите од законот. При тоа, предметната набавка (услуги од осигурителен брокер) не е утврдена како исклучок од примена на законот. Според тоа, услугите од осигурителен брокер се набавуваат со примена на законот, односно со спроведување на соодветна постапка за јавна набавка.
Набавката на услуги од осигурителен брокер не е исклучена од примена на законот и за истите треба да се спроведе посебна постапка за јавна набавка. По изборот на осигурителен брокер во посебна постапка, истиот може да се вклучи во тендерската документација за постапката за јавна набавка на осигурителни услуги.