Со пристапување кон Светската трговска организација, Република Македонија презеде обврска да отпочне преговори за пристапување кон Спогодбата за јавни набавки (Government Procurement Agreement – GPA), која претставува плурилатерална спогодба во рамки на системот на СТО. По тој повод, на состанокот на Комитетот на GPA кој се одржа во седиштето на Светската трговска организација на 21.06.2017 година учествуваше и в.д. директорот на Бирото Александар Аргировски, кој имаше официјална изјава за отпочнувањето на преговорите. Земјите потписнички на Спогодбата ја поздравија официјалната изјава и изразија увереност дека процесот на пристапување успешно ќе заврши. На маргините на овој состанок се одржаа и неколку билатерални средби.