Ажурирани модели за тендерска документација за набавка од мала вредност и поедноставена отворена постапка

Во рамки на реализација на мерките и активностите од Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 година, а со цел да се зголеми институционалниот интегритет и транспарентноста во јавните набавки, Бирото за јавни набавки ги ажурираше моделите на тендерски документации.

Ажуриран е моделот на тендерска документација за набавка од мала вредност и моделот на тендерска документација за поедноставена отворена постапка.

Во моделите на тендерски документации e додаден дел каде договорните органи ќе треба да наведат податок кое лице во институцијата согласно  Законот за заштита на укажувачи е овластено за прием на пријави за заштитено внатрешно и надворешно пријавување од страна на укажувачи.

Дополнети модели на тендерски документации може да најдете на следниот линк.