Бирото за јавни набавки објави „Белешка за алатки за постапување против незаконски договарања во јавните набавки и упатства за примена на причините за исклучување“. Публикацијата, која е изготвена врз основа на документ објавен од страна на Европската Комисија, се однесува на незаконски договарања во јавните набавки и цениме дека ќе им помогне на Договорните органи во превенирањето, откривањето и постапувањето со случаи на незаконско договарање во јавните набавки.