Бирото за јавни набавки ве поканува на „Ден на отворени врати”, за договорни органи и економски оператори, на 9 и 12 април 2024 година

О Т В О Р Е Н И  В Р А Т И

Бирото за јавни набавки организира „Денови на отворени врати“ со договорни органи и економски оператори, на кои ќе се разменат мислења, знаења и искуства од спроведувањето на Законот за јавните набавки, со цел идентификување на слабостите и планирање на соодветни активности за подобрена примена во иднина.

По тој повод, Ве покануваме на:

„Ден на отворени врати” на Бирото за јавни набавки

ЗА ДОГОВОРНИ ОРГАНИ

09 април 2024 година (среда) на адреса:

Биро за јавни набавки

Палата „23 Октомври“

ул. Даме Груев бр.12, 2-кат

1000 Скопје

ЗА ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОРИ

12 април 2024 година (петок) на адреса:

Биро за јавни набавки

Палата „23 Октомври“

ул. Даме Груев бр.12, 2-кат

1000 Скопје

Со цел, поефикасно да биде организирана Вашата посета, потребно е:

  • Да се пополни целосно Пријавата за учество, достапна тука
  • Да се испрати пополнетата Пријава на следнaва електронска адреса otvorenivrati@bjn.gov.mk, најдоцна до 22 март 2024г.

Поради ограничен капацитет на салата за состаноци, бројот на учесници од секој договорен орган/економски оператор што ќе присуствува на настанот ќе биде ограничен на најмногу 2 вработени.

Местата се ограничени. ‘Прв пријавен – прв услужен’.