Ден на отворени врати – март 2017 година

Почитувани посетители,

Заради натамошен развој и унапредување на системот на јавните набавки почнувајќи од 2015 година, Бирото за јавни набавки воспостави праксата на непосредна размена на мислења, знаења и искуства, како со договорните органи, така и со економски оператори. Со цел  продолжување на истата,

Ве покануваме на:

„Ден на отворени врати”

Во петок, 17 март 2017 година во просториите на Бирото за јавни набавки на адреса:

Биро за јавни набавки
Палата „23 октомври“
ул. Даме Груев бр.12 2-кат, 1000 Скопје

Со цел, поефикасно организирање на Вашата посета, предвидени се два термини и тоа:

  • 10.00 – 12.00 часот (за претставници на договорни органи); и
  • 13.00 – 15.00 часот (за претставници на економските оператори).

Во интерес на подобро организирање на „Денот на отворени врати”, ги повикуваме

  • претставниците на договорните органи своето учество задолжително да го најават преку e-mail на aleksandar.danailov@bjn.gov.mk или на телефон: 02/32 55 706
  • претставниците на економските оператори своето учество задолжително да го најават преку e-mail на biljana.karakashova@bjn.gov.mk или на телефон: 02/32 55 697.

Притоа, во пријавата наведете ја темата како и прашањата кои Ви се од посебен интерес и за кои сакате да размените мислења, односно сакате да ги поставите на вработените во Бирото за јавни набавки. Напоменуваме прашањата да се однесуваат на проблеми на кои наидувате во пракса, а предлозите да се во функција на унапредување на легислативата за јавни набавки .

Поради ограничен капацитет на салата за состаноци, бројот на учесници, од секој договорен орган/економски оператор ќе биде ограничен на најмногу 2 вработени.