На 16.01.2017 година, во просториите на Бирото за јавни набавки од страна на в.д. Директорот м-р Александар Аргировски, беа доделени потврдите за положен испит за обучувачите кои предаваат на обуките организирани од Бирото.
Обучувачите се ресертифицираат по трет пат оваа година, по одржаната обука во текот на месец септември. Обучувачите се лица со богато искуство во спроведувањето на јавните набавки кое успешно го пренесуваат на лицата кои ги посетуваат обуките за јавни набавки веќе седма година по ред.
Во продолжение можете да ја погледнете галеријата со слики од настанот.