Објавена Граѓанска брошура за јавни набавки

Почитувани посетители,

Бирото за јавни набавки изготви „Граѓанска брошура“ со цел на транспарентен, едноставен и разбирлив начин да ги претстави на граѓаните и пошироката јавност суштината и системот на јавните набавки, значајноста на јавните набавки во економијата, како и улогата на Бирото за јавни набавки.

Целта на оваа брошура е да се зголеми информираноста на јавноста во врска со јавните набавки.

„Граѓанската брошура“ може да ја преземете на следниов линк.