Изготвен е првиот модел на Технички спецификации

Почитувани посетители, Ве информираме дека на веб страницата на Бирото за јавни набавки објавен е модел на Технички спецификации за набавка на ИТ опрема, кој е изработен од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.

Целта на моделот на технички спецификации е да се олесни подготовката на технички спецификации за овој тип на набавка.

Истиот може да го најдете во делот Модели – Модели на технички спецификации.