Почитувани,
Поради зголемен интерес за пријавување на обуки за лица за јавни набавки, за стекнување со потврда за лице за јавни набавки по прв пат, Одделението за едукација направи Измена на Годишниот план за реализација на едукацијата за јавни набавки за 2024 година.
Имено, се отвораат нови два термини за обуки за лица за јавни набавки, и тоа:
- Во период 23-27.09.2024 година со термин за редовен испит на 28.10.2024 година и термин за поправен испит на 22.11.2024 година.
- Во период 28.10 – 01.11.2024 година со термин за редовен испит на 10.12.2024 година и термин за поправен испит на 09.01.2025 година.
Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават преку Електронскиот систем за едукација, достапен на следниов линк:
Линк за регистрација: https://edukacija.bjn.gov.mk/education/participant/register
Линк за најава: https://edukacija.bjn.gov.mk/education/login
Воедно, напоменуваме дека кандидатите кои што веќе се пријавени на обука во друг термин, своето учество единствено можат да го откажат со прикачување на Оправдание. Доколку го откажат учеството, без прикачување на соодветно оправдание, согласно одредбите од Интерното упатство за подготовка и спроведување на едукацијата за јавни набавки, ќе добијат забрана за слушање обуки за период од 6 месеци.
Кандидатите, кои што единствено се пријавени на ЛИСТИ НА ЧЕКАЊЕ, во претходни или следни термини, можат да го откажат своето присуство без никакви последици и самостојно да се пријават во новоотворените термини за обуки.
Доколку Ви е потребна техничка помош, во однос на пријавување на обука, најава или регистрација на систем, потребно е да го имате предвид „Корисничкото упатство за Електронскиот систем за едукација“, достапно на следниов линк: https://www.bjn.gov.mk/wp-content/uploads/2023/11/fin_Korisichko-upatstvo-aven-del.pdf
Дополнително, Ви стоиме на располагање на следниов телефонски број: 02 32 55 787 или на е-меил адресата: obuki@bjn.gov.mk