Ве известуваме дека платформата за набавки од мала вредност- Е-пазар која е развиена од страна на Бирото за јавни набавки, со финансиска поддршка од Европската комисија, за електронско тргување помеѓу договорните органи во Република Северна Македонија и домашните и странски економски оператори е веќе поставена во продукција.
Истата во моментов е достапна само за економските оператори, кои имаат можност преку свој професионален придонес да учествуваат во подобро структуирање на базата на производи, односно специфицирање и дефинирање на карактеристиките на производите со цел што поуспешни набавки.Платформата Е-пазар ќе биде оперативна за спроведување на набавки од мала вредност и за Договорните органи почнувајќи од 01.01.2022 година.
Бирото за јавни набавки ќе одржи online презентација на системот за заинтересираните Договорни органи и Економски оператори во текот на месец ноември 2021, за што дополнително ќе бидат испратени покани до сите регистрирани корисници на ЕСЈН со детални термини и инструкции за пријавување.