Владата на Република Северна Македонија донесе Одлуки за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед.
Со одлуките се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на одредени производи и се определува обврска на трговците, кои претставуваат правни и физички лица, кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, како и трговците кои претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење производство.
Согласно горенаведеното, Бирото за јавни набавки, доставува известување до договорните органи, за тоа како да постапуваат согласно новодонесените одлуки од надлежните органи, а во врска со веќе склучените договори за јавни набавки, но и со договорите кои што се планираат да се склучат во периодот што следи.