Објаснувачкиот скрининг за Поглавје 5 – Јавни набавки

На 15 септември 2022 година во Брисел започна објаснувачкиот скрининг како дел од преговорите за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ. Објаснувачкиот скрининг започна со Поглавје 5 – Јавни набавки кое според новата методологија за преговори припаѓа во првиот кластер Фундаменти. Делегацијата на Република Северна Македонија ја предводеше Заменик прeтседателот на Владата задолжен за евроинтеграции и главен преговарач Бојан Маричиќ, а експертскиот тим го предводеа претставници од Бирото за јавни набавки Борче Хаџиев, директор, Александар Аргировски, државен советник и Марија Јованоска, раководител на сектор. Бирото раководи со работната група за Поглавје 5. По овој состанок се пристапи кон подготовка за втората фаза, односно билатералниот скрининг кој ќе се одржи во ноември.