Со цел подигање на транспарентноста и отчетноста во јавните набавки на ЕСЈН е воведена можност за објава на доделените договори за јавни набавки за постапките за доделување на договор за јавна набавка, при што целокупната јавност ќе има увид во истите.
Договорот за јавна набавка се прикачува во последниот чекор од формата на Известување за склучен договор и по објавувањето, истиот е достапен на јавната страна на ЕСЈН преку менито Известувања – Известување за склучен договор. Документот може да се симне преку колоната Документи на линкот „Прикажи“ или во самото досие на известувањето.
Моментално објавата на склучените договори е овозможена само за постапките за доделување на договор за јавна набавка кои се објавуваат преку модулот Известување за склучен договор, а во тек е имплементација на решение со кое ќе се овозможи објава на договорите за јавни набавки и за постапките со барање за прибирање на понуди.
Договорните органи, при објавата на скенираните договори за јавна набавка треба да ги имаат во предвид одредбите од Законот за заштита на лични податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/2005, 103/2008, 124/2008, 124/2010, 135/2011, 43/2014, 153/2015 и 99/2016).