ОДЛУКА ЗА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖЕЊЕТО НА ОДЛУКАТА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ ЗА ИНФОРМАЦИСКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ

Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 22 февруари 2022 година, донесе Одлука за престанување на важењето на Одлуката за формирање на Национален совет за информациски и комуникациски технологии („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 200/19).

Со стапувањето во сила на оваа Одлука, престанува и обврската на договорните органи да бараат мислења по технички спецификации на тендерските документации каде што како предмет на набавка е ИКТ опрема и/или софтвер, со вредност поголема од 20.000 евра во денарска противвредност.