На 26.09.2023 во Софија, Р. Бугарија, се одржа работилница на тема „Индикатори за Црвени знаменца во јавните набавки” организирана од Светска Банка, а наменет за претставници на бугарските институции надлежни за областа на јавните набавки – Агенцијата за јавни набавки на Бугарија, Националниот завод за Ревизија на Бугарија, Управниот суд, Министерството за финансии, и др. На работилницата своја презентација имаа Марија Јованоска и Горан Давидовски, како претставници на Бирото за јавни набавки и детално го претставија националното решение за Црвените Знаменца имплементирано на Електронскиот систем за јавни набавки. Презентацијата наиде на голем интерес како од учесниците на работилницата, така и од експертите од Светска Банка и останатите предавачи. Како предавачи на работилницата покрај претставниците на БЈН, беа и врвни експерти и професори до долгогодишно искуство од оваа област – Мајкл Крамер, бивш јавен обвинител од САД, проф. Густаво Пига од универзитетот Тор Вергата, Италија, Алистер Мерил, експерт од Велика Британија и др. Работилницата беше завршена со панел дискусија на која беа претставени идните насоки за развој во оваа област.