Со цел добивање на постабилна апликација, олеснет пристап и зголемен интегритет на податоците и постапките што се водат на ЕСЈН, Бирото за јавни набавки, во соработка со Македонски Телеком имплементираше IAAS услуга за хостирање на информациски систем на виртуелна средина и воведе целосно „cloud” решение за ЕСЈН.
По успешно спроведената постапка за јавна набавка и миграцијата на целокупната апликација и база на податоци, од 29.06.2016 година системот е поставен на нова инфраструктура. Ваква иновативна технологија и во ваков обем е меѓу првите воведени за некоја од апликациите за услугите за е-Влада што ги нудат државните и јавни институции во Македонија.
Целта на имплементацијата на новата инфраструктура е значително подобрување на перформансите на системот, поставување на стабилна инфраструктура на долг рок и гаранција на интегритетот на системот од аспект на корисниците, а во пресрет на задолжителното спроведување на постапките за јавни набавки по електронски пат.
Бирото за јавни набавки и во иднина ќе продолжи со унапредување на ЕСЈН и воведување на иновации како на ниво на инфраструктура така и на ниво на апликација.