Правно стручно мислење од Правен факултет

Согласно Меморандум за меѓусебна соработка помеѓу Бирото за јавни набавки и Правен факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, на барање на Бирото, од страна на Правниот факултет беше изготвено стручно правно мислење во врска со следниве прашања:

  1. Опфат на терминот „изменети околности“ и примена во смисла на реализација на јавните набавки и склучените договори за јавни набавки;
  2. Настапување на Виша сила односно изменети околности при реализација на склучен договор за јавна набавка и примена на Законот за облигациони односи во смисла на можност за ставање на договорот во мирување до отклонување на околностите;
  3. Опфат, можности и начин на дефинирање на клаузули за корекција на цена при подготовка на тендерска документација и нивна примена при реализација на договорите за јавни набавки.

Мислењето мoже да го преземете на следниов линк.