Предлог – Стратегија за унапредување на системот на јавните набавки за периодот 2022-2026 година

Почитувани посетители, Бирото за јавни набавки го објавува наративниот дел на Предлог – Стратегијата за унапредување на системот на јавните набавки за периодот 2022-2026 година за консултации со јавноста. Во исто време, работната група која ја формираше Бирото и во која учествуваат претставници од клучните институции во системот на јавните набавки, во соработка со нашиот Твининг проект работи на подготовка на првиот акциски план за спроведување на стратегијата за 2022 година. Вашите коментари ги очекуваме најдоцна до 5 ноември на следнава електронска адреса igor.dimitrovski@bjn.gov.mk. Текстот на Предлог – стратегијата може да го преземете во делот Стратешки документи .