Бирото за јавни набавки, согласно своите надлежности кои произлегуваат од член 45 од Законот за јавните набавки, го следи и анализира спроведувањето на овој закон и другите прописи за јавни набавки, функционирањето на системот на јавните набавки и иницира промени за подобрување на системот на јавните набавки, а за констатираните неправилности ги информира договорните органи и надлежните органи.
Според направените анализи и согледувања од пракса во делот на употребата на електронските аукции, увидени се одредени слабости кои го доведуваат во прашање постигањето на најдобра вредност за јавните средства во постапките за јавни набавки.
Имено, праксата покажува дека во случаите кога понудувачите немаат можност да ја корегираат цената по јавното отварање прават детални и пореални пресметки на цената што ја нудат во својата понуда.
Имајќи го тоа предвид, Бирото за јавни набавки им укажува и им препорачува на договорните органи да го ограничат користењето на е-аукција, без оглед дали ќе користат најниска цена или најдобар однос помеѓу цената и квалитетот како критериум за избор на најповолна понуда.