Прирачник за резервирани договори

Со современите меѓународни правила, вклучително и европското законодавство, особено внимание се посветува на стратешко користење на јавните набавки за постигнување на важни општествени цели – зелени набавки, социјални аспекти во набавките, иновативност и поттикнување на учество на малите и средни претпријатија.

Стратешко користење на јавните набавки овозможува и Законот за јавните набавки.

Прирачникот за користење на Законот за јавните набавки во насока на поддршка на економски оператори со јака социјална мисија е изготвен во рамки на Проектот Поддршка на социјалните претпријатија и претставува дополнителен чекор во насока на афирмирање и поттикнување на примената на социјални аспекти во јавните набавки.