На 11 ноември оваа година во Брисел се одржа првиот билатерален скрининг за Поглавје 5 – јавни набавки со што отпочна клучната фаза од скрининг процесот за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ. Државната делегација беше составена од претставници на Бирото за јавни набакви кое е и носител на работната група, Државната комисија за жалби по јавни набавки, Министерството за економија, Државната комисија за спречување на корупцијата, Министерството за одбрана и Секретаријатот за еврпоски прашања. Членовите на работната група за Поглавје 5, на билатералниот скрининг состанок на експертите од Европската комисија им ја претставија македонската законодавна рамка и нивото на усогласеност со правото на ЕУ во ова поглавје од преговарачкиот процес. Темите и областите опфатени во ова поглавје се однесуваат на општите принципи на јавните набавки, регулирањето на јавните набавки во општиот сектор, во областите на социјалната политика, животната средина, малите и средни претпријатија, иновациите, одбраната, концесиите, набавката на лекови, електронските јавни набавки, како и на меѓународните аспекти во оваа област.
