Република Северна Македонија е 49 земја членка на Спогодбата за јавни набавки на СТО

На 30 октомври 2023 година влезе во сила Инструментот за ратификација на Одлуката за пристапување на Република Северна Македонија во Спогодбата за јавни набавки на Светската трговска организација. Со тоа земјава стана 49 земја членка на Спогодбата, со што се потврдува дека системот на јавните набавки во Република северна Македонија се базира на добрите меѓународни практики предвидени во текстот на Спогодбата. Членството во Спогодбата им овозможува на домашните економски оператори пристап до пазарите на јавните набавки на останатите земји членки. Повеќе за Спогодбата може да прочитате на веб страницата на Светската трговка организација