Успешно одржана работилница за придобивките од имплементацијата на индикаторите за црвени знаменца во јавните набавки

На 27-ми и 28-ми февруари 2024 година се одржа работилница за придобивките од имплементацијата на индикаторите за црвени знаменца во јавните набавки. Овој настан се организираше во хотел Мериот, Скопје, и беше организиран од Светска банка во соработка со Бирото за јавни набавки (БЈН).

На работилницата присуствуваа различни стручњаци од областа на јавните набавки, меѓународни експерти и претставници од Бирото за јавни набавки кои го презентираа Македонското решение за црвени знаменца имплементирано во нашата држава.

Целта на овој настан беше да се обезбеди простор за промовирање на придобивките од имплементацијата на индикаторите за црвени знаменца во системот за јавни набавки. Во текот на работилницата, меѓународни експерти и говорници во областа на јавните набавки од Шкотска, Италија, Обединетото Кралство и Светска банка ги споделија своите искуства и знаења со учесниците во врска со имплементацијата на црвените знаменца. Овие презентации беа од голема вредност и допринесоа за пошироката дискусија за различните можности и предизвици во областа на јавните набавки.

Исто така, работилницата обезбеди платформа за размена на знаења и искуства, како и можност за идентификување и промовирање на добри практики во имплементацијата на индикаторите за црвени знаменца. Очекуваниот исход од работилницата е БЈН да се здобие со практични информации на темата и да се овозможи информирана одлука на релевантните засегнати страни за придобивките од имплементацијата на индикаторите за црвени знаменца во системот за јавни набавки.

Со големо задоволство изразуваме благодарностите до сите учесници, како и до организаторите за успешно организирање на работилницата. Сметаме дека овој настан имаше значителен влијание врз развојот на областа на јавните набавки во Република Северна Македонија и надеваме се дека ќе продолжиме со овие иницијативи и во иднина.