ТЕД (Tenders Electronic Daily) е онлајн верзија на „Додатокот на Службениот весник“ на ЕУ, посветен на европските јавни набавки. Во Законот за јавните набавки во член 41 став 3 е предвидено огласот за јавна набавка и огласот за конкурс за избор на идејно решение да се објавува и во Службеното гласило на Европската унија, доколку проценетата вредност без вклучен ДДВ е еднаква или повисока утврдените прагови.
eNotices е онлајн платформа која им овозможува на договрните органи да објавуваат огласи за јавни набавки како што е дефинирано во Европските Регулативи. Поради измени во формите за објавување на огласите и укинување на Регулатива 2015/1986, апликација eNotices се затвора на 31 јануари 2024 година.
Од 1 февруари, имплементирана е нова платформа – eNotices2 која се користи за објавување на огласите и известувањата за јавните набавки по новата Регулатива 2019/1780. Оваа Регулатива го дефинира новиот формат на еИзвестувања (eForms) што се користи за објавување огласи за јавни набавки на ТЕД во Додатокот на Службениот весник на Европската Унија.
Корисниците треба да креираат нови профили на платформата eNotices2, која е достапна на https://enotices2.ted.europa.eu. Со цел да се запознаете со новите формулари, достапна е околина за тестирање на https://enotices2.preview.ted.europa.eu. За да пристапите до неа, треба да креирате посебна сметка за најава во ЕУ на https://ecas.acceptance.ec.europa.eu/cas. Повеќе информации за eForms и eNotices2 се достапни на https://enotices2.ted.europa.eu/help
Во продолжение споделуваме видео туторијал во кои е објаснето начинот на креирање на профил и објавување на огласи на eNotices