Годишен план за реализација на едукацијата за јавни набавки за 2023 година
Измена на годишен план за реализација на едукацијата за јавни набавки за 2023 година
Бирото најдоцна до 10 јануари од тековната година, донесува годишен план за едукација со кој се утврдува бројот, временскиот распоред, видовите на обуки според наставни програми кои се планира да се спроведат во текот на годината и се определуваат термините за полагање на редовните и поправните писмени испити.
Објавувањето на годишниот план истовремено, претставува повик врз основа на кој заинтересираните лица се пријавуваат за учество на обука.
Заинтересираните лица за учество на обука треба да се регистрираат со пополнување на веб формулар електронски на веб-страницата на Бирото, во делот Едукација – Регистрација на систем за едукација.