Како резултат на сè почестото користење на електронските јавни набавки и електронските аукции во Република Македонија, се јави потреба од континуиран развој, унапредување и секојдневно одржување на апликацијата на ЕСЈН. За подобрување на функционалностите кои ги нуди апликацијата на ЕСЈН и за добивање на услуги на највисоко ниво заради поголема сатисфакција, се воведува годишна претплата за користењето на ЕСЈН.

Годишната претплата e утврдена врз основа на категоријата/големината на економскиот оператор и изнесува:

Вид на економски операторИзнос на надоместок за една година (без ДДВ)Услуги

Договорни органи регистрирани како економски оператори

Микро трговец

Физички лица

2.000 денари

Добивање информации за нови огласи по е-пошта за три избрани категории на набавки

Преземање на тендерска документација

Учество на електронски постапки и електронски аукции.

Мал трговец

Среден трговец

4.000 денари
Голем трговец8.000 денари
Економски оператори од странство130 евра

За секоја дополнителна избрана категорија на набавка договорниот орган и економскиот оператор доплаќа по 2.000 денари, односно 30 евра за економски оператор од странство.

За да се регистрирате на системот како економски оператор кликнете тука.

После регистрацијата ќе биде генерирана профактура за која што е потребно да се изврши плаќање, по што профилот на корисникот ќе биде активиран.

За користење на Електронскиот систем за јавни набавки, договорните органи ги плаќаат следните надоместоци:

Вид на услугаИзнос на надоместок по објавен оглас или прилог (без ДДВ)
Објавување на периодичното индикативно известување кое се користи како замена за оглас за јавна набавка, објавување оглас за јавна набавка за набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка, отворена постапка, ограничена постапка, конкурентен дијалог, партнерство за иновации, конкурентна постапка со преговарање, постапка со преговарање со објавување на оглас, оглас за конкурс за идејно решение600 денари
Објавување известување за измени или дополнителни информации во постапката600 денари
Објавување на оглас за воспоставување на квалификациски систем6.150 денари
Објавување оглас за доделување концесии и јавно приватно партнерство6.150 денари

Тарифник за висината на надоместоците за користење на Електронскиот систем за јавни набавки: Преземи